Филмот на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов,„Медена земја“, во понеделникот доби две номинации за „Оскар“ – за најдобар странски филм и за најдобар документарец. Успехот следува откако „Медена земја“ освои три награди на фестивалот „Санденс“ – Главната награда од жирито во програмата Светски филм за документарци, Специјалната награда од жирито за влијание за промена за Котевска и Стефанов и Специјална награда за камера за Фејми Даут и Самир Љума.
Номинацијата на „Медена земја“ го подигна расположението во нашата земја.
Така Атиџе, главната звезда на овој документарен филм запеа.
Чекор по чекор јас чекорам… Оскар во Холивуд да си освојам.
Хитот на Атиџе: Чекор по чекор јас чекорам… Оскар во Холивуд да си освојам 🙂
Posted by Seir on Wednesday, January 15, 2020