Полскиот сезонски работник Марцин Колчински, во холандскиот приморски град Џилијанадорп го загубил животот, спасувајќи три деца кои се давеле во Северното Море. То ѝ телефонирал на својата сопруга Моника кога видел дека децата се во неволја:
-Чекај, гледам некои деца во морето таму, мислам дека нешто не е во ред – беа последните зборови што тој ѝ ги упатил на сопругата.
Тој ги спасил животите на децата, но го загубил својот.
Според „NL Times“, 37-годишниот татко зад себе оставил три деца и неговата сопруга Моника. Бидејќи семејството немало многу пари, пријателите испратиле апел до „gofundme.com“ за помош, со цел барем да ги покријат трошоците за погребот. Сепак, одговорот бил огромен: досега се јавиле повеќе од 16.000 луѓе и собрани се повеќе од 300 000 евра.
Луѓето оставале емотивни коментари, а организаторката на собирањето фонд рече дека е „длабоко допрена“.
-Човек кој прави вакво нешто за другите луѓе без размислување заслужува почит, а поддржувањето на неговото семејство со мала донација може да им помогне барем малку во страдањето – напиша едно лице.
-Се надевам дека никогаш нема да морам да донесам таква одлука, но ако сепак се најдам во таква ситуација, се надевам дека ќе бидам исто храбар и силен како и овој неверојатен Полјак. Каков ХЕРОЈ! – напиша друг.