Група научници од Универзитетската болница во Есен откриле дека чаевите од одредени растенија имаат силно влијание и можат да ја потиснат активноста на вирусот Ковид-19, пренесуваат светските медиуми.
Научниците ги инкубираа клетките на Ковид-19 во билни чаеви направени од жалфија и коријандер. Потоа додека ги подготвувале чаевите се погрижиле течноста да зоврие два часа, за да се обезбеди максимална сатурација со компонентите на растението.
Истражувачите откриле дека дури и краткорочна употреба на овие билки е доволна за значително да се спречи размножувањето на вирусот.
Сепак, иако тие веруваат дека овие чаеви може да се користат во борбата против овој вирус, сметаат дека овие информации мораат подетално да ги испитаат и други експерти.
Според последните податоци, повеќе од 58 милиони луѓе биле заразени со вирусот, додека повеќе од 1,3 милиони починале како резултат на Ковид-19 болест.