Постојат бројни диети кои на луѓето им нудат брзи решенија, а Саша Плеќевиќ, попознат како доктор Филгуд, во утринската програма на ТВ Прва коментираше некои од познатите диети.
„И баба ти знаела дека ако не вечераш, ќе ослабеш, или ако само ја намалиш количината на храна. А, автофагија, или 20 часа не јадеш, четири јадеш, тоа е грешка. Грешка е и да не јадеш 18 часа, а да јадеш шест. Светската здравствена организација вели дека првиот оброк е во 8 ч. наутро, вториот во осум навечер, треба да си легнете помеѓу десет и единаесет часот навечер. 12-14 часа си без храна, тоа е идеално. А, со автофагијата, каде за 4 часа јадете 200 пати повеќе отколку што ви е потребно во текот на денот, ќе се здебелите. Најдобро е да имате урамнотежена исхрана, три до четири, максимум пет оброци дневно и да се бидете без храна 12 часа“, вели д-р Филгуд, наведувајќи и некои други лоши страни на автофагијата.
„Луѓето прегладнуваат, не можат да издржат, не е здраво. Ако не јадете 20 часа, а јадете четири часа, вашиот организам се успорува по одредено време. После, иако јадете помалку, ќе се дебелите бидејќи вашиот организам штеди“.
За популарната кето диета, која вклучува зголемен внес на протеини, д-р Филгуд вели дека е „најлошото нешто што човек може да си го направи себеси“.
„Сега ќе бидам контрадикторен… Јас велам дека шеќерот е најголемиот непријател на нашето тело, но не во мали и умерени количини. Сè во умерени количини е здраво, но во поголеми количини шеќерот создава сало и доведува до мозочен удар, срцев удар, висок крвен притисок итн. Но, верувајте, ниедна клетка не функционира без шеќер…
Ако јадеме само протеини и масти, тоа е кето диета. Така го принудувате вашето тело да функционира на нешто за кое не е создадено. Друга работа, многу масти во исхраната или протеини, предизвикува дијабетес, бидејќи мастите ги блокираат клетките, не дозволуваат шеќерот да влезе во клетката. Апсолутно, тоа е најлошо нешто, па уште ако не пиете вода, тоа ги затнува бубрезите и се добива кетоацидоза , а тоа е ужас“.
Д-р Филгуд исто така рече дека популарниот пијалок, чаша топла вода со лимон, кој многумина го препорачуваат за слабеење, е глупост.
„Чаша топла вода со лимон е глупост. Дали еден лимон или пола лимон на празен желудник го менува ацидобазниот статус? Не. Тоа само повторно го активира панкреасот, односно инсулинот. Наместо тоа, пијте чаша вода на собна температура“.
Откако ги прокоментира популарните диети и објасни зошто не се добри, д-р Филгуд откри магичен лек за слабеење, со чија помош секој може да изгуби три до пет килограми за еден месец.
„Луѓе, бидете умерени. Умереноста и физичката активност се магичен лек за слабеење. Гарантирам дека секој од вас ќе изгуби од три до пет килограми за еден месец, тоа е здраво слабеење“, рече тој, додавајќи дека еден од најголемите проблеми е тоа што луѓето јадат брзо и не ја џвакаат храната доволно.
Тој потсети дека се потребни околу 20 минути за мозокот да добие сигнал дека сме сити, затоа џвакањето на храната е многу важно – ако џвакаме подолго, ќе јадеме подолго, а со тоа и ќе изедеме помалку бидејќи до мозокот ќе стигне сигналот дека сме сити.