Актерот Чарли Шин веќе долги години има проблем со алкохолизмот, а со овој порок тој се бори од 80-те години на минатиот век.
Тој веќе неколкупати се обиде да се откаже од дрогата и алкохолот, но секојпат се враќаше на своите пороци. Сега веќе слави година дена од непиење ни капка алкохол.
„Тоа мора да се заврши. Сега добро се чувствувам. Мислам дека успеав без алкохол и дрога еднаш и знаев дека уште еднаш можам. Донесов некакви важни одлуки пред Нова година кои веќе ги остварувам, но морам да престанам да пушам цигари. Тоа воопшто не е добро“, рече Шин за странските медиуми.