Институтот за јавно здравје во изминатото деноноќие регистрира 445 новозаболени од ковид 19. Повеќе од половината од новозаболените се од Скопје, односно дури 249. Следува Струмица со 36, потоа Прилеп со 25, Тетово 16, Битола 14, Штип 13, Гостивар, Охрид и Куманово со 12.
Направени се 2.080 тестови што значи дека позтивни се 21% од тестираните. Починати се девет пациенти.