ЦРН БИЛАНС ПО РУШЕЊЕТО НА ЗГРАДАТА ВО ФЛОРИДА: 99 лица исчезнати при уривањето на дванаесеткатница (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Најмалку едно лице е погинато, а 99 се водат како исчезнати по уривањето на станбена зграда во американската држава Флорида.

Властите соопштија дека не знаеле колку луѓе имало во дванаесеткатната зграда во Surfside во близина на Мајами, кога дел од неа се сруши во средата вечерта.

Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис изјави дека локалните и државните власти се надеваат дека повеќе луѓе ќе бидат спасени од урнатиот облакодер.

„Но, ние се подготвуваме за лоши вести со оглед на уништувањето на кое бевме сведоци“, рече ДеСантис.

Причината за падот на облакодерот изграден во 1981 година сè уште не е позната. Потврдено е дека градежни работи се изведувале на покривот на зградата, но не е познато дали тие предизвикале колапс.

Семејството на првата дама на Парагвај исчезнала при уривањето на облакодерот, потврди парагвајското Министерство за надворешни работи.

Спасувачките екипи извадија десетици луѓе од урнатините и продолжуваат со потрагата по други.

Се стравува дека бројот на жртвите може нагло да се зголеми.

останати вести

Comments are closed.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com