Во вторникот во Париз се случи грабеж на златарница, во кој беше украден накит вреден 3 милиони евра, а сторителите беа уапсени на излез од Франција, во автобус на српски превозник што се движел кон Белград.
Автобусот и патниците биле претресени, и иако целиот плен бил пронајден, полицијата не го пуштила возилото додека не биле претресени сите други.
Уапсени се двајца црногорски државјани кои се упатиле кон Белград откако го подигнале „пленот“.
Тие ја ограбиле златарницата „Chaumet“, а накитот вреди околу три милиони евра. Го украле златото под закана сo автоматски пиштол.
„Станува збор за двајца Црногорци на возраст од 44 и 54 години, непознати за полицијата. Тие се приведени во полициски притвор поради „организиран грабеж со оружје и учество во злосторничко здружение поради извршување кривично дело“, објави обвинителството во Париз.
Comments are closed.