Наставата во основните училишта во неколку црногорски градови е прекината поради информации дека се поставени бомби. Евакуирани се училиштата во Никшиќ, Бар, Беране, Бијело Поље, Колашин, Херцег Нови, Цетиње.
Дојави за бомби имало и во Општината и во судот во Бар.
„На територијата на училиштето подметнати се бомби. Секогаш сонувавме за освета. Ние ќе се осветиме, ќе дојдеме во училиштето. Сè ќе убиеме. Никој нема да остане жив. Цел град ќе крвари“, е пораката што ја пренесува Радио телевизија Црна Гора добиена од евакуираните училишта.