703
Сообраќајка утрово се случи на булеварот 8 Септември во Скопје, во непосредна близина на Педагошкиот факултет.
Од фотографиите, се гледа дека станува збор за возило „Цитроен“, кое засега од непознати причини се искачило на поткачениот дел, односно жардиниерата што ги разделува коловозните ленти на булеварот. Во непосредна близина е и пешачки премин.
Засега, нема информации дали во сообраќајката има жртви или повредени.
