Цистерна полна со нафта синоќа се преврте кај Неготино, пишува ТВ1. Цистерната се враќала од Грција од каде превезувала нафта кон Скопје. Возачот, за среќа, не е повреден, а причинета е само материјална штета.
Најверојатно причината за сообраќајката е заморот на возачот бидејќи на пат кон Грција тргнал во 7 часот наутро, таму чекал да се наполни цистерната и веднаш заминал кон Скопје. Возачот со кој разговараше 1ТВ вели дека имаат наредба од раководството да возат без одморот кој е предвиден со закон.