На Фејсбук страницата на ЈуроМајдан, Војна во Украина (Euromaidan, War in Ukraine) се појави видео на кое се гледа како цивилни возила поминуваат преку миниран пат во областа на Киев.
Минираните патишта претставуваат голема опасност за цивилното население од киевски регион кое се обидува да излезе од градот кој со денови е под опсада на руските сили.
Нема потврда за автентичноста на видеото, но алерт за мини и мински полиња низ Украина со денови е актуелен и граѓаните се предупредуваат да внимаваат кога се движат по патиштата и други терени во обид да заминат на побезбедни места.