Цеца Ражнатовиќ и нејзиното семејство се појавија на прославата на вториот роденден на шоуто “Ексклузиво” во четвртокот, 11 април, и веднаш штом излезе од автомобилот, луѓето забележаа голема промена кај фолк дивата.
Имено, по 25 години, Цеца ја имаше фризурата што ја имаше и во видеото за песната „Оди додека си млад“, со која изгледа многу посвежо и секси. Но, она на што не остави никого рамнодушен, особено не мажите, беше нејзиното длабоко деколте кое, едноставно, на очите не им дозволуваше да погледнат подалеку од него.
Нејзините деца, Анастасија и Вељко, и свршеницата на нејзиниот син, Богдана Родиќ, исто така беа со неа присутни на прославата.