Цеца заработила 80 милиони долари, Карлеуша двојно помалку (ГАЛЕРИЈА)

by Тони Зографски

Српската фолк пеачка Светлана Цеца Ражнатовиќ со  80 милиони долари е најбогата естрадна звезда во регионот според сајтот “Celebritynetworth“кој се занимава со имотот и заработката на големите ѕвезди.  За неа на сајтот пишува дека е најпопуларните пејачки во регионот од 1988 година.

Со заработка од 40 милиони на второ место од балканските ѕвезди во регионот е Јелена Карлеуша која сајтот ја преставува како борец за човекови права.

За  Драгана Мирковиќ  која со 30 милиони долари е трета на листата  “Celebritynetworth“ пишува дека таа е една од најпопуларните пејачки во регионот, но и во Бугарија, Романија.

Четврти на рангирањето е Шабан Шаулиќ кој има заработено 20 милиони долари а, во својата кариера снимил 30 албуми.

Петта е Лепа Брена со заработка од 16 милиони и продадени 40 милиони плочи во својата кариера.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com