ЦЕНТАР НА ВНИМАНИЕ: Една од најсексапилните модели прошета на плажа во минијатурно бикини (ФОТО)

by Тони Зографски

Супермоделот Алина Бајкова неодамна била фотографирана од страна на папараците на плажа во Мајами, а на фотографиите се гледа нејзиното затегнато тело.

Познатата 33-годишна девојка повеќе пати покажала како вежба јога, тренира бокс, трча, а напорите кои ги прави јасно се видливи на нејзината фигура на тело.

Таа на плажата прошетала во минијатурно бикини – црн горен дел и бел долен дел со црни детали, па ја разбудила фантазијата кај мажите.

Имено, Алина избрала да носи провокативно бикини кое одвај ги покрива интимните делови од нејзиното тело.

Очигледно е дека Украинката нема проблеми со самодовербата, а и самата изјавила дека нејзиното животно мото е:

„Никогаш не се откажувам, дури и кога никој не верува во мене“.

Инаку, Алина во светот на манекенството запловила кога била тинејџерка, а веќе на 17 години се преселила во Париз каде била дел од ревијата на најдобрите дизајнери на денешницата, а работела и за познати модни брендови.

Инаку, таа во една прилика открила и дека тајната на нејзината младоликост и негуваната кожа е непрекинатата хидратација.

„Непрекинато правам хидрурање на кожата. Сериозна сум кога велам дека на секои 20 минути ставам крема на рацете и лицето. Исто така, пијам многу вода во текот на денот. Никогаш не одам да спијам пред да си го исчистам лицето“, открила Алина.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com