Изгледа дека Италијанците решиле „дебело“ да ја наплатат пицата со ананас, односно таканаречената Хаваи пица која ја сметаат за гастрономско злосторство.
„Маринара – 7 евра; Маргарита – 7,50 евра; Кватро формаџи – 10 евра… Хаваи – 100 евра!“, прочитала една девојка на ценовникот на италијанска пицерија и додала: „Навистина се обидуваат да ги одвратат луѓето да не нарачуваат пица со ананас во Италија“.
Популарните тиктокери Емилиано и Матео исто така покажаа колку чини оваа пица во италијанска пицерија и се пошегуваа дека туристите „мора да ја платат цената“.
„100 евра за претрпената болка на пица мајсторот“
„Цената на пицата е всушност 10 евра, но затоа надоместокот за претрпената психичка траума на пица мајсторот е 90 евра“, „Ова е урнебесно“, „Сопствениците имаат одлична смисла за хумор“, се дел од коментарите под видеото.
Инаку, пицата со ананас ја измислил готвачот Сем Панопулос во Канада во 1962 година.