Цените растат, луѓето сепак ги чекаат на ред за да ги купат

by Тони Зографски

Цените на чварките во Хрватска рушат нов рекорд! Во месарниците во Загреб, килограм пресувани чварки достигнува и до 32 евра, а и непресуваните не заостануваат — од 14 до 20 евра.

Парадоксално, иако цените растат секоја година, побарувачката не опаѓа. Напротив – пред месарниците се редат долги колони, а купувачите трескаво покажуваат со прст кон омилената масна деликатеса.

Она што некогаш било нуспроизвод од колење, денес стана луксуз на чинија. Чварките, симбол на традицијата и зимските месеци, сега вредат како гурмански сувенир од Хрватска.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com