Врнежите од снег изминатиов период ги „подготвија“ патеките на Копаоник, па популарното српска дестинација за скијање веќе го посетиле многумина.
Една од неизбежните теми кога станува збор за оваа планина, се екстремно високите цени кои не изостанале ниту годинава.
Ѓорѓе Станковиќ од Краљево со семејството поминал еден викенд таму и вели дека таму и прилично полниот џеб се празни со брзина на светлината, пренесува српски „Блиц“.
„Доволно е да ви кажам дека еден ручек со семејството чини најмалку 120 евра, додека на пример домашно кафе и чај чинат 700 динари, а шише од два литри вода 2.000 динари.
Притоа келнерот пријде и рече „чај и домашно кафе ви се 700 динари“, а кога ја побаравме сметката нѐ чинеше 620 динари. Иако бевме минатата година имам впечаток дека сѐ поскапело за околу 30 отсто“, вели Ѓорѓе.
Тој додал дека патеките на Копаоник се навистина одлични и дека поради љубовта кон скијањето со задоволство ја бира оваа планина, но дека поради високите цени и нељубезноста на келнерите во текот на претстојната зима најверојатно ќе побара друга дестинација.
„Разбирам дека е сѐ поскапо, но мислам дека Копаоник повеќе не е планина за народната маса туку само за оние со изразено длабок џеб, поради тоа ние се „селиме“ на Златибор или Стара планина. Кога сѐ ќе собереме и ќе ставиме на хартија, за нашето семејство на ова место, за сите четири денови скијањето треба да чини над 2.000 евра, што е навистина многу“, истакнал Станковиќ.