Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50% во однос на одлуката од 17.03.2022 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,362 денар/килограм и сега ќе изнесува
53,159 ден/кг.
Од 19.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,50 (денари/литар)
-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,50 (денари/литар)
-Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар)
-Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 (денари/литар)
-Мазут М-1 НС 53,159 (денари/килограм).
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,622%, кај дизелот има зголемување за 0,663%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 0,867% и кај мазутот намалувањето е во просек за околу 2,989%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,002%.