При изборот на гардероба и работи за викенд-одмор, актерката Хилари Даф на Инстаграм споделила фотографија од својата чанта.
Станува збор за иконската чанта „Ерме Биркин“, која актерката ја купила уште кога заработувала многу додека глумела во продукцијата „Дизни“.
„Ја купив оваа ’девојка’ пред речиси 20 години во Париз и одлучив да ја избришам прашината од неа и да ѝ дозволам да види бел ден за нашиот викенд-одмор. Толку е слатка“, напишала Даф на инстаграм-објавата на стори, што значи дека ја купила чантата околу својот 16-ти роденден, кога била Дизни-ѕвезда во хитот „Лизи Мегваер“.
Во далечната 2011 година, Хилари Даф била забележана во Лос Анџелес како ја носи истата голема чанта во сини нијанси. Тогаш ја искомбинирала со сини „Најк“ патики, проѕирна блуза во сива боја и црни хеланки.