Цената на нафтата денеска повторно паѓа. Вредноста на барел нафта на лондонскиот пазар утринава изнесува 100 долари, што е пад на цените во однос на вчерашниот ден кога изнесуваше 102 долари.
Во исто време, барелот на американскиот пазар се тргува за 97 долари и е под таканаречената магична граница од 100 долари.
Инаку, минатиот петок овие деривати се тргуваа по цена од 110, односно 107 долари, а цената потоа продолжи да паѓа на сите нивоа од околу 100 долари за барел на европскиот пазар.
На почетокот на минатата недела цените на барелите беа на рекордно ниво и се искачија на 130 долари.