Од 1 јули за 3,5 денари поскапуваат сите горива, а олеснување за граѓаните ќе биде намалување на цената на ДДВ за струја, со што сметките наредните две години ќе бидат помали односно ќе се амортизира ударот од поскапувањето на електричната енергија, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.
-Цената на сите нафтените деривати од 1 јули ќе се зголеми за 3,5 денари заради еколошката такса која владата веќе ја пресмета во ребалансот на буџетотот како дополнителен приход, најави Заев.
Заев потврдува и дека ќе има привремено намалување на данокот на додадена вредност на електричната енергија. Од први јули ДДВ на струјата ќе се намали од 18 на пет проценти во траење од една година. Од први јули 2022 година ДДВ ќе биде 10 проценти за во 2023 година да се врати на сегашните 18 проценти ДДВ на електричната енергија.
Воведувањето нов данок не го оправдува опозициската ВМРО ДПМНЕ. Според нив – еколошкиот данок ќе предизвика директен ценовен шок и нов бран на поскапувања на сите производи, за и онака презадолжените граѓани кои тонат во долгови да им стане живеачката уште поскапа.
Comments are closed.