28-годишниот месар Раул де Фритас и неговата 27-годишна сопруга Оливија од ЈАР, никогаш не сонувале дека нивниот меден месец во луксузен ресор на Малдивите ќе биде вистинска авантура.
„Сите велат дека сакаат да бидат заглавени на тропски остров сè додека навистина не заглават. Звучи добро само поради тоа што знаете дека можете да заминете“ – вели Оливија, која со Раул мора да оддели значителен дел од заштедата за да го плати престојот и покрај попустот.
На нивното планирано патување тие пристигнале на 22-ри март, а шесдневниот престој на Малдивите веќе го сметале за претерување поради скромните приходи кои ги имале. Но, сепак решиле да ја потрошат својата заштеда за одмор од соништата. Проблемите на надворешниот свет изгледале далечни, но сепак ги стигнале иако туристичката агенција ги убедувала дека сигурно ќе можат да се вратат дома.
По само три дена уживање добиле информација дека аеродромите во нивната земја се затворени, а преговорите со амбасадата не вродиле со плод.
Па, така тие сега се единствените гости во комплексот кој што може да угости 180 луѓе. Инаку, цената за ноќевање во овој комплекс изнесува 750 долари од ноќ, а вработените во хотелот поради уредбите на владата не можат да го напуштат хотелот додека не го испратат и последниот гостин.
Па така, собата им ја чистат пет пати дневно, а готвачите само за нив подготвуваат јадења во кои што уживаат сами на плажа.
Амбасадата на ЈАР моментално го испитува нивниот случај.