Рускиот фудбалски прволигаш Ростов пријави шест позитивни тестови на своите фудбалери, по што истите се ставени во карантин.
Заразаните со коронавирусот имале контакт со уште 42 лица, меѓу кои соиграчите, членовите на стручниот штаб и други вработени во клубот, па и тие ќе мора да ги следат насоките на медицинските лица и да останат во изолација.
Руските медиуми велат дека позитивни на вирусот биле домашните играчи Логашов и Бајрамиан, Финецот Јеременко, Бугаринот Попов, Норвежанецот Норман и Швеѓанецот Хаџикадуниќ.