Израелскиот авантурист Роеи Садан кој го мина целиот свет со велосипед, а преживеа и тежок пад на планина во Индија, загина од удар на автобус во близина на својот дом на северот на земјата. Роеи кој беше познат и под прекарот Јинји, имаше 39 години и од 2007 година до 2011 година, со велосипед, мина низ 42 држави на шест континенти.
Автобус го удри пред влез во местото Рош ХаНикра во средата во 14:30 часот по локално време по што веднаш беше префрлен во болница каде почина почина денеска, пренесува „Би-Би-Си“.
Три години по почетокот на неговиот пат околу светот, Садан за „Ерусалим пост“ напиша „додека минувам континенти, не сум сам. Ги посетувам израелските амбасади низ светот, држам предавања во училишта и зборувам за Израел ширум светот. Некои ме нарекуваат амбасадор на тркала“.
Почетокот на неговата рута беше во Северна Алјаска, преку бреговите на Северна, Централна и Јужна Америка. Потоа возеше велосипед од самиот југ на Африка до Етиопија, па потоа до Израел.
Наредната турнеја одеше низ Европа, потоа Турција, Узбекистан, Таџикистан до Кина. Две недели на крајот се возеше по брегот на Австралија.
Пет години подоцна доживеа несреќа за време на планинарење во Северна Индија. На планината Сток Кангри се лизна на карпа и пшадна неколку стотина метри пониско. Беше пренесен во болница, а по стабилизирање на состојбата, беше транспортиран на лекување во Израел.