Додека Мухамед Хасан лежел сериозно повреден на околу 400 метри од врвот К2, десетици колеги алпинисти тргнаа кон него, потоа го заобиколија и продолжија понатаму, оставајќи го 27-годишниот да умре додека ја продолжија личната потрага по слава.
Откако се појавија снимки од инцидентот, нивната одлука да го остават зад себе предизвика негодување во планинарската заедница.
Хасан, татко на три деца од Пакистан, загина откако на 27 јули го турна лавина преку работ додека се искачуваше на К2, вториот највисок врв во светот со 8.611 метри и најсмртоносната планина на светот.
На видеото се гледа како луѓето поминуваат над Хасан додека тој лежи беспомошен во длабокиот снег. Видеото потоа прикажува облаци неколку стотици метри под нив, откривајќи колку биле високо кога била направена снимката.
Воздухот е толку редок на оваа височина што сите луѓе што се гледаат на видеото носат маски за кислород.
Се чини дека само еден човек му помогнал на крајот. Непознат спасувач кој успеал извесно време да го држи во свест пред да умре од повредите. Немало спасувачка акција за помош на младиот човек.
Алпинистот Вилхелм Штајндл, кој исто така учествувал во искачувањето, но рано се вратил во базниот камп поради опасните услови, изјави за холандскиот весник „Де Телеграф“ дека му се гади поради недостигот на колегијалност на планинарите.
„Тоа беше многу жестока, конкурентна трка за врвот. Тоа што се случи таму е скандалозно. Жив човек оставија зад себе за лична слава. Беа потребни само 3 или 4 луѓе да го спасат. Да го видев тоа, ќе се качев да му помогнам на кутриот“.
⚠️ Warning : Disturbing Video
Another video of Pakistani HAP Muhammad Hassan's dead body at the K2 Bottleneck.
He struggled for 3 hours hanging upside down to a rope & no one helped him but instead continued for summit.
Companies wins, humanity lost#Karakoram pic.twitter.com/htyIe6ye84— The Northerner (@northerner_the) August 6, 2023
И покрај овие тврдења, постојат различни толкувања на трагедијата. Лакпа Шерпа, планинар кој бил на искачувањето и го снимил видеото, изјавил за Дејли Меил дека видеото не покажува што всушност се случило:
„Некои од планинарите се обидоа да му го спасат животот иако почина. Сите тие потрошија многу пари за да го направат ова искачување и не можеа да се откажат од својата мисија. Реалноста е дека се обиделе да го спасат, но местото е недостапно и невозможно е да се пристапи без јаже, па затоа е многу тешка ситуацијата. Исто така, многумина му рекоа да се врати бидејќи има многу лоша опрема, но тој не послуша и потоа падна“.