Шеесетина војници, припадници на Првата бригада на Војската на Србија, се заразени од коронавирус. Сите тие биле ангажирани на прием на повратниците во Србија во периодот од 13 до 16 март, изјави денеска српскиот претседател, Александар Вучиќ.
Тој додаде дека целиот гарнизон е заразен, но дека ситуацијата би била многу потешка ако тие не го организирале карантинот на Палиќ.
“Овие момци го примија најтешкиот удар. Јас ги испратив таму. Дали може добро да се чувствувам поради таа одлука? Ако не беа таму, во овој момент кој знае колку мртви ќе имавме, рече Вучиќ.