Во осумдесетите и девеесетите години дел од насловните страни на магазините во поранешна Југославија изгледале како часописи за возрасни. Иако се работело за компјутерски неделник, никој не го приметувал компјутерот. Навистина целта била да се рекламираат компјутери и компјутерска опрема, сепак, во преден план биле разголените манекенки.
Обично, модели се слика во костими за капење или во провокативни фустани и веднаш упаѓале во очи, а компјутерите подоцна се приметувале.