Во Перу, цело село е заразено со коронавирусот, а до најблиската болница луѓето патуваат по осум часа со брод.
Во оддалеченото село Шипибо скоро цела заедница покажале симптоми на коронавирус, а најблиската болница е далеку. Затоа е изградена импровизирана болница во која работат само двајца медицински техничари.
– Во изминатите три дена ни снема од лековите што ни ги даде владата. Ние немаме дури ни парацетамол – рекол медицинскиот техничар Елиас Магин.
Селскиот водач исто така не се чувствува добро и додаде дека сите се позитивни за коронавирусот. Од 750 луѓе во оваа заедница, околу 80 проценти се смета дека се заразени. Најмалку четири лица починаа. Кога почнала пандемијата, лекарот кој работел во оваа област го напуштил Камиту бидејќи му истекол договорот, а Магин останал заедно со уште еден медицински техничар и асистент. Иако и Магин е позитивен на коронавирусот, морал да остане да работи бидејќи нема медицински персонал.
Во оваа импровизирана болница нема респиратори, нема кревети и напредна опрема и технологија. Еден од пациентите, Рајнер Фернандез, кој беше заразен со овој вирус, беше премногу слаб за да отиде на клиниката, па Магин постојано го посетува.
– Срцето ми е вознемирено. Чувствувам како да сака да престане да чука – рекол Фернандез, кој изгуби 17 килограми откако се разболе.
Покрај тоа, целиот регион на Укалија е сериозно погоден од коронавирусот. Дури и во нивните болници, нема доволно медицински персонал за да се грижи за пациентите.
“Беше многу тешко да се гледаат луѓе како умираат. Гледате луѓе кои бараат помош, а не можете да направите ништо”, рекол доктор Рикардо Муњанте, управник на Одделението во Ковид болницата “Пукалпа”.