14 деца од класот на осумгодишниот Лук Нелсон од Оклахома решија да си ги избричат главите како поддршка на своето другарче на кого му беше дијагностицирана алопеција, што се манифестира со ненадејно губење на косата.
Косата на момчето минатата есен почнала да паѓа во помали прамени, а до Божиќ немаше ниту едно влакно на главата.
„Кога тоа се случи, најпрво неговиот брат, Сем, реши да ја избричи главата, а потоа и мојот сопруг го стори истото” , изјави за магазинот „Пеопле“мајката на Лук, Сузан Нелсон.
Потоа истото го направија и неговите соученици од третото одделение. Сите 14 одлучија да го направат овој чекор за да го поддржат своето другарче. На 19 јануари, момчињата се собраа во фризерскиот салон и ја спроведоа својата одлука во дело.
„Децата се смееја, славеа и јадеа крофни. Кога Лука сфати дека повеќе не е единствениот кој нема коса, ја симна капата”, вели неговата мајка.
„Сега имам многу поголема самодоверба. Конечно можам да бидам свој. Многу важно да ја објавите мојата приказна и да им помогнеме и на другите децата кои се сметаат за различни”, вели малиот Лука.