Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски вчера славеше втор роденден и крштевка за своето петто дете.
Од фотографија објавена на неговиот „Фејсбук“ профил може да се забележи дека целото семејство се собрало за крштевката, заедно да ги прослават среќните моменти.
-На нашиот Филип вториот роденден му го честитавме со крштевка во манастирот Св. Пантелејмон, Горно Нерези.
За здравје, благослов и добри вести, пишува пратеникот Милошоски на социјалната мрежа „Фејсбук“.
Антонио и Симона се горди родители на пет дечиња. Покрај најмалиот Филип, ги имаат ќерките Дариа (4), Михаела (2), Илина (1), како и поголемиот син Давид (12).