Сопругата на трагично загинатиот кошаркар Коби Брајант, Ванеса која во хеликоптерската несреќа ја загуби и 13 годишната ќерка Џиџи не може да заврши реченица без да плаче, раскажува пријател близок до семејството во овие тешки мигови и денови за нив.
Триесет и седум годишната вдовица Ванеса деновиве е во многу лоша здравствена состојба за која не била подготвена никогаш претходно.
-Таа постојано се онесвестува и постојано вели дека тој и беше партнер за целиот живот, вели извор близок до семејството.
Ванеса не може да заврши реченица без да плаче, но се чувствува безбедно во друштво на останатите три ќерки. Таа мора сега да биде силна за нив три, вели изворот.
Инаку, Ванеса и Коби имаа четири ќерки, Наталија (17), Џиџи (13), Бјанка (3) и Капри (7 месеци).
-Таа никако не ја оставаат сама овие денови, но оваа трагедија ќе ја жали многу долго бидејќи загуби и сопруг и ќерка во исти ден, велат блиските пријатели до парот.