-Денеска се тестирани 12 лица, од нив позитивни на коронавирусот се шест пациенти. Девојка вчера пристигнала со Визер од Барселона на скопскиот аеродром , патувала со маска и ракавици, се јавила сама на пунктот на аеродромот, на сите други патници кои биле во авионот се во домашна излолација. Ова значи дека имаме вкупно 18 со коронавирус- информираше министерот за здравство Венко Филипче на вечерашната прес-конференција за состојбата со корона вирусот во земјава.
Инаку, целосно се затвораат угостителските објекти и моловите. Ова не се однесува за продавниците за храна и аптеките. Владата формира главен кризен штаб раководен од премиерот Оливер Спасовски. Се затвораат сите копнени гранични премини освен Табановце, Богородица, Деве Баир и Ќафасан. Ќе се затвори аеродромот во Охрид. Секој наш државјанин кој влегува во нашата земја мора да потпише изјава дека ќе се самоизолира.