Старлетата, диџеј и инфлуенсерка Шантел Џефрис се појави на премиерата на новиот холивудски филм „Ер“ во Лос Анџелес, а со провокативно издание им го привлече вниманието и на насобраните фотографи.
Жешката 30-годишна Шантел овој пат избра целосно проѕирен краток фустан од црна, тенка ткаенина, под која носеше црни танга-гаќички со длабок струк и горен дел со тенки прерамки.
И покрај фактот дека оваа креација беше проѕирна, таа не покажа многу, барем додека Шантел не се сврте – дури тогаш глетката стана дефинитивно ласцивна. Го покажа речиси целиот задник, а заводливите хулахопки со линија на средината придонесоа целото издание да биде секси и да се граничи со вулгарно.