Витијер е мал град во близина на Енкориџ, кој е многу посетен во лето и е полн со луѓе, додека во зима е скоро целосно затворен. Во него живеат 200 луѓе кои се поврзани со работа на пругата, на која припаѓа скоро целото земјиште во оваа област.
Тоа е една од причините зошто секој што живее тука, живее во иста зграда, не може да купи земјиште за куќи. Сепак, би се рекло дека жителите на овој град воопшто не им пречи да живеат под ист покрив.
„Ова е мал град, сè е во една зграда“, посочува еден жител на овој град. Тој вели дека аградата во која живеат сите жители се вика „Begich Towers“ и била поранешна касарна изградена во 1974 година за време на Студената војна.
„Оваа зграда има 14 ката, изгледа малку како хотел, а ние кои живееме тука, цела година, имаме сè што ни треба во неа. Со недели не мораме ниту да ја напуштиме зградата. На приземје е поштата, градска администрација, продавница каде што можеме да купиме се што е потребно, имаме и клиника на третиот кат. Тоа е цел град под ист покрив. Имаме и училиште, кое е поврзано со подземни тунели до зградата во која живееме. Сите сме како едно големо семејство“, додава жителот.