Дури 11 лица загинаа во престрелката на полицијата со криминална банда која се обидела да ограби една бразилска банка. Меѓу загинатите се пет заложници, меѓу кои е едно дете. Сите убиени заложници се од една иста фамилија кои криминалците ги фатиле кога оделе кон аеродромот за да се качат на својот лет.
“Според информациите, загинати се шест разбојници и пет заложници“, изјави градоначалникот на Милагрес, Лиелсон Ландин.
Тој исто така информираше дека две банки се ограбени пред разденување, а криминалците се убиени во престрелката со полицијата која траела дваесетина минути.