Денеска во Белград, во Југословенската кинотека, се одржа комеморација во чест на починатата актерка Неда Арнериќ. Во салата биле присутни голем број познати актерски имиња од балканската сцена, познаници, пријатели, сите оние кои на еден или друг начин биле блиски со легендата на југословенскиот и српскиот филм.
Собирот започна со една минута молчење, по што беа прочитани телеграмите на Мира Бањац, Горан Паскаљевиќ, Друштвото на хрватските режисери, како и режисерот Лордан Зафрановиќ. Неколку колеги одржаа и почесни говори, трогателни, кого никого не оставија рамнодушен, а присутните не се ни трудеа да ги совладаат емоциите и солзите.
Почитувачите на ликот и делото на Неда беа во можност да го погледнат и филмот „Ние сме проколнати, Ирина“, кој беше снимен во 1973 година.
Телото на Неда ќе биде кремирано на во сабота. Таа како последна желба имала нејзиниот погреб да биде скромен.
фото: Ало и Србијаданас