Актерката и поранешна девојка на Канје Вест, Џулија Фокс, ужива во славата која ја стекнала главно поради врската со споменатиот рапер која добро ја искористила и за своја промоција.
Иако во пошироката јавност главно станала позната поради врската со Канје Вест, Џулија ја гради својата актерска кариера, а позната е и по разголените модни комбинации поради кои и тоа како им е интересна на папарацо фотографите.
Поради споменатото таа секогаш била главна атракција каде и да се појави, а овојпат папарацо фотографите ја фотографирал на плажа во Њујорк каде трчала во едноделен, бел костим за капење којшто делувал како проѕирен.
Во прв план биле истакнати брадавиците од градите кои не успеала да ги скрие под костимот за капење. Таа привлекла внимание и со својата фигура на тело, но и стомачните мускули кои се истакнувале во необичниот отвор.
Својата црвена коса ја пуштила, а гламурозните очила за сонце ѝ го покриле поголемиот дел од лицето. На фотографиите може да се забележи дека таа навистина ужива во својот годишен одмор, поради тоа што не ја тргала насмевката од своето лице.
Џулија покрај актерската, гради и манекенска кариера, а голема ѕвезда е и на ТикТок. Нејзиното богатство се проценува на 30 милиони долари, но таа и во неодамнешна објава на социјалните мрежи кажала дека тоа не е точно:
„Прво, јас немам 30 милиони долари, ни приближно. Зошто една личност треба да има толку пари? Преживувам и со многу помалку од тоа и многу ми е добро. Не ги трошам своите пари на глупости. Не купувам скапи работи. Вие мислите, таа носи фустани кои чинат илјадници долари… Поголем дел од облеката која ја носам ми ја прават млади дизајнери кои штотуку почнуваат да работат со тоа“, објаснила неодамна таа и додала дека не сака да го покажува богатството.