Нора Шахинпашиќ (20) повеќе од една година ја води временската прогноза на босанско-херцеговската телевизија ОБН.
Младата девојка стана хит на социјалните мрежи поради атрактивниот изглед.
На Тик Ток направија компилација од клипови од нејзиното водење, а се прегледани повеќе од милион пати.
„Босанката Адријана Лима“, „Поради неа би ја гледала прогнозата секој ден“, „Колку е жешка и убава“, „Убава водителка“, се само дел од коментарите, а видеата на Нора се споделуваат и од корисниците на Тик Ток од други делови на светот.