Директорот на рускиот Универзитет за медицинска паразитологија, тропски и заразни болести „Сеченов“, Александар Лукашев вели дека омикрон ќе го снема до 1 март. Додава дека овој сој на коронавирусот е помалку смртоносен од другите.
„Целата приказна со омикрон ќе биде завршена до 1 март. Се развива многу брзо, па на сето тоа ќе гледаме како на историја“, изјави Лукашев.
Лукашев смета дека поблагиот тек на болеста е поради помалата репродукција на вирусот во белите дробови.
„Тешко е да се каже точната бројка, но грубо кажано, проценуваме дека е пет до десет пати помалку смртоносен од другите соеви“, изјавил тој за ТВ каналот „Русија-24“.
Омикрон се појави во Јужна Африка лани, а сега е присутен насекаде во светот.