Полицијата во Крагуевац на несекојдневен начин искажала почитување кон здравствените работници на тамошниот Клинички центар за се што прават во борбата против коронавирусот.
Имено,за време на полицискиот час, при сопирање пред зградата на Клиничкиот центар, полицајците на дамите во бело им подарувале цвеќе, додека на здравствените работници им врачувале пенкала и шолји со пораката „Полицијата вели благодарам“.
„На овој начин полицајците сакаа да искажат благодарност на здравствените работници“, соопштено било денеска од Полициската управа во Крагуевац.
Инаку, крагуевчаните секоја вечер во 20 часот им аплаудираат на здравствените работници во знак на поддршка.