Хepoјот на мocтoт во Лондон е у6иeц ocyдeн на дoживoтeн зaтвop (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Еден од сведоците на терористичкиот напад, Џејмс Форд и самиот е убиец кој е осуден на доживотна затворска казна.
Форд се обидувал да спаси една од жртвите и да го разоружи Усман Кан, терористот кој го извршил нападот. Порано истиот ден, Форд бил на конференцијата “Учиме заедно”, посветена на рехабилитација на затвореници.

На таа конференција бил и Усман Кан, кога се заканил дека “ќе ја крене зградата во воздух”, пренесува “Independent”.

“Тој е убиец на еднодневен отпуст за што ние како семејство на убиената ништо не знаевме. Тој уби девојка со ментални потешкотии. Тој не е херој, не ме интересира што направил на мостот”, рекла Анџела Кокс, братучетка на убиената Аманда, пренесува B92.

Аманда Чемпион е пронајдена во 2003-та година со пресечен врат, три недели откако исчезнала. Форд бил уапсен кога едно свештено лице го прекршило својот завет за анонимност, односно се јавило во полиција и открило дека Форд му го признал убиството.

Форд го признал убиството, но никогаш не ги изнел причините поради кои го направил тоа.

 

останати вести