По силниот земјотрес што ја погоди Турција, помош пристигнува од сите страни. Сепак, една фотографија на солидарност привлече најголемо внимание, а тоа е стар автомобил полн со работи кои биле складирани за да им помогнат на настраданите. Tаа слика го собори рекордот на споделување на социјалните мрежи и стана симбол на ова заедништво и солидарност.
Сопственикот на возилото, Сервер Беширли, неговиот брат Имамверди Беширли и Аскер Мамедов, дадоа изјава за ТВ Иктимаи.
„И ние ја доживеавме оваа катастрофа. Имаше жени без облека и обувки. И ние го доживеавме тој период, го знаеме тоа чувство. Не помогнавме само ние , туку и другите Азербејџанци, дури и оние кои живеат во други земји. Бев сведок на една ситуација, кога дојде едно девојче и го соблече палтото и го даде во хуманитарни цели. Секако дека помошта не е ниту голема ниту мала. Во наредните денови велат дека ќе испратат помош во храна во братската земја“, рекол тој.
„Бевме сведоци и кога дојде една девојка, го соблече капутот, и го даде и си замина. Се надеваме дека во наредните денови ќе можеме да однесеме и храна“, рече Имамверди.
Фотографијата трогна многу луѓе, особено откако се дознало за условите во кои живее самиот Сервер. Многумина коментираат дека оние кои имаат најмалку секогаш даваат најголема поддршка.