Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил посочи дека нема среќа со ковид некако, односно пред две години и сега е заразен со вирусот.
„Некако со ковидот немам среќа, пред две години и сега сум заразен со вирусот и тоа ме попречува во мојот ангажман. Но, сигурен сум и верувам дека бројот на советници на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово ќе се зголеми, а д-р Мевмед Џафери ќе биде новиот градоначалник во Маврово и Ростуше и покрај бројните нерегуларности на власта кои доаѓаат до мене како информација од терен.
А, власта се плаши од избори затоа што нема поддршка.
Солидарноста со овие политичари од власта подразбира поддршка на криминалот, корупцијата, беззаконието, неспособноста и предавствата. Затоа се потребни предвремени парламентарни избори, за Македонија да престане да губи, за да го вратат украденото и да одговараат.
А, власта се плаши од избори затоа што нема поддршка. Солидарноста со овие политичари од власта подразбира поддршка на криминалот, корупцијата, беззаконието, неспособноста и предавствата.
Затоа се потребни предвремени парламентарни избори, за Македонија да престане да губи, за да го вратат украденото и да одговараат.