Хрватскиот епидемиолог Бранко Колариќ во интервју за РТЛ ги откри прелиминарните резултати од истражувањето за траењето на имунитетот од вакцините, пренесува Индекс.
-Истражувањето е направено на 120 корисници на еден дом за стари кои примиле вакцина на самиот почеток на кампањата за имунизација. Резултатите сѐ уште ги собираме, но првите прелиминарни резултати кажуваат дека 30 отсто од испитаниците веќе немаат заштите, 20 проценти имаат ниско ниво, а 50 отсто имаат солидна заштита, рече Колариќ.
Тој вели дека заштитата кај помладите трае подолго.
– Ова истражување е спроведено на група луѓе чии просек на години е 82. Постојат резултати и за помлада возрасна група, таму заштитата од вакцината сигурно подолго ќе трае – вели Колариќ и додал: Очекувано беше дека кај повозрасните и кај имунокомпромитираните лица заштитата ќе трае пократко. Изгледа дека сме тука на граница од 6 месеци за лицата кои се во длабока старост.
Треба ли да се вакцинираме со трета, четврта или пета доза, прашал водителот.
– Треба, тоа е решение за излез од кризата. За некои болести, како грипот, имаме редовна вакцинација. Имунитетот од вакцината нема да биде доживотен, туку ќе мора да се вакцинираме додека не епидемијата не ја ставиме под контрола – изјавил Колариќ, кој потоа ги коментираше и ковид потврдите.
– Мислам дека тие се добри, некои земји веќе ги воведоа, ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Мислам дека воведувањето на ковид потврдите ќе ја поттикне вакцинацијата и ќе го намали бројот на тешко заболени. Исто така мислам дека не чека уште една напорна есен со голем број хоспитализирани. Донесувањето на мерките ќе зависи од тоа – вели Колариќ.