Хрватскиот телевизиски водител Адријан Де Врња синоќа едвај одолеа на излив на смеа додека водеше информативна емисија на телевизијата „РТЛ“.
Тој читаше вести за австрискиот политичар и поранешен канцелар Себастијан Курц, а откако го кажа името на политичарот, не можеше да се воздржи додека се обидуваше да продолжи да ги чита вестите.
„Извинете“, им рекол на гледачите, но потоа едвај ги изговарал зборовите поради излив на смеа.
Набрзо социјалните мрежи беа преплавени со телевизиски снимки од „несреќата“ на Адријан, а судејќи по коментарите, сите добро се изнасмеаја.