Хрватскиот бискуп Јурак Језеринац ја шокираше јавноста со морбидната изјава дека “од децата од абортус се прават најскапите парфеми“. Тој тоа го изјави на мисата по повод одбележувањето на војната капеланија.
Бискупот го коментирал и скандалот со педофилија во црквата, а се осврнал и на оние жени кои се одлучиле на абортус.
“ Денеска е зададени жесток удар на црквата. Интересно е што се споменуваат случаеви што се случили пред 50, 60, 70 години. Сега ти тоа докажи го. Денеска секојдневно ги убиваат децата по болниците повикувајќи се на женското право за абортус, како детето да го нема истото право. Знает ли што прават од децата? Ако не сте знаеле, најскапи парфеми “ изјави бискупот на мисата.