Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, откако му врачи награда на победникот на натпревар, беше оттурнат од коњ.

Имено, коњот бил немирен додека Милановиќ се обидувал да се фотографира со победникот на витешкиот натпревар во Барбан, а потоа го оттурнал.

Обезбедувањето го држеше Милановиќ за да не падне. Сè е снимено од Хрватската радио телевизија.