Старлетата Ава Карабатиќ која беше хрватски претседателски кандидат, но не ги собра потребните 10.000 потписи, се најде на ескорт-сајт. На него е објавен и ценовникот за услугите кои таа ги нуду.
На сајтот пишува дека Ава е позната личност која завршила Филозофски факултет. Ист така, пишува дека таа не е проститутка, не нуди сексуални услуги, но сака моќни и богати мажи.
За вечера со Ава заинтересираниот маж треба да плати 2.000 евра, за дружење цел ден во спа центар цената е 4.000 евра. За два дена со Ава Карабатиќ треба да се искешира дури 6.000 евра.
Инаку, Ава Карабатиќ е професорка по италијански и латински јазик и римска книжевност, има напишано автобиографија и еден роман, а глумеше и во филм. На Инстаграм ја следат 52 000 луѓе. Таа стана позната во јавноста пред неколку години со своето учество во реалното шоу „Големиот брат“.