Денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изврши повторен тест за присуство на коронавирусот, а неговиот тест е позитивен, изјави владиниот портпарол.
Премиерот претходно доби наредба за епидемиолошка мерка за самоизолација, а сега му е наредено да се изолира 10 дена.
Во моментов се чувствува добро, а своите активности и одговорности премиерот ќе продолжи да ги извршува од дома и ќе ги следи сите упатства на лекарите и епидемиолозите, се вели во соопштението.
Претходно, на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ му беше одредена десетдневна самоизолација, откако неговата сопруга се тестирала позитивна на ковид-19.